Сото (јазик)
Сото (сесото или јужен сото)[2] — банту-јазик што се говори претежно во ЈАР (еден од 11-те службени јазици) и Лесото, каде е национален јазик. Ова е аглутинативен јазик што се служи со разни афикси, изведувања и флексија во постапката на зборообразба. КласификацијаЈазикот сото е јужен банту-јазик, од семејството на нигерконгоански јазици во рамките на сотоцванската гранка на Зона S (S.30). Најсродни јазици на сото се другите покрупни јазици од сотоцванската група: цвана (сецвана), северен сото (сесото са лебоа), кгалагади (шекгалагари) и лози (силози). Сотоцванските јазици пак, се во блиско сродство со други јужни банту-јазици, како што се венда, цонга, тонга, и нгунските јазици (а можеби и со макуа во Танзанија и Мозамбик). Географска распределба![]()
Според пописот од 2001 г, сото во ЈАР го говорат барем 4 милиони луѓе како мајчин јазик (8% од населението). Ова е главен јазик во Лесото, каде има 1.493.000 говорници или 85% од населението (1993). Постојат уште барем 5 милиони јужноафриканци што го познаваат јазикот како втор или трет јазик (на пр. во сите населени места во и околу Јоханесбург, Совето и Чване). ФонологијаГласовниот систем на сото е необичен по многу нешта. Јазикот има исфрлени согласки, чкрапави согласки ресична трепетна согласка, релативно голем број на слеани согласки, нема предназализирани гласови, и има редок облик на хармонија според самогласната висина. Јазикот има вкупно 39 согласни[3] и 9 самогласни фонеми. Јазикот се одликува и со голем број на сложени гласовни преобразби, при што честопати се менуваат фоновите кај зборовите поради влијанијата од други (напати невидливи) гласови. ГраматикаНајзабележителни особености на сотската граматика се оние што ги дели со другите банту-јазици: родот кај именките и системите на слагање. Граматиката не прави разлика во полот на лицата, т.е. не врши измени во зависност од родот. Оваа особеност ја дели со другите јазици од групата. Друга позната одлика на јазикот е неговата аглутинативна морфологија. Покрај ова, јазикот нема никакви падежи, што значи дека улогата на именката се укажува исклучиво со збороредот. ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia