Спанов мост
Спанов мост (грчки: Γέφυρα Σπανού) или Мост на Ќосе Мустафа-паша — стар османлиски камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1] Мостот се наоѓа на неколку километри источно од селото Козмат и западно од селото Пигадица, Кожанско. Ја преминува реката Венетик на источните возвишенија на планината Пинд. Изграден е во 1797 г. од Ќосе Мустафа-паша (Спанос) од Ѓирокастро, кога бил управник на Лепанто. Има пет лакови и долг е 85 м, што го прави најголемиот зачуван камен мост во Егејска Македонија. Изграден е од делкан камен и има три потпорни лака. Има парапети, а денес е асфалтиран и редовно се одржува. Крај него се наоѓал гробот на Ќосе Мустафа-паша, имало ан и полициска стражарница. Гробот до мостот е срушен од вандали во 1980 г. Тој бил во облик на мала камена градба со натпис. Анот исто така бил близу до мостот. Дел од неговите приходи биле посветени за негово одржување. Во анот се одморале караваните кои доаѓале Солун или Јанина.[2][3][4] Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia