Мостот ја преминува реката Ставропотамос, десна притока на Венетик. Се наоѓа кај гребенското село Кипурѓо, на 20 км југозападно од градот Гребен. Изграден е во 1880 г. на патот Мечово - Гребен, точно над утоката на Ставропотамос во Вентик и Спановиот мост. Споменат е од Николаос Схинас во неговите патни белешки издадени во 1886 г.[1]
Има четири нееднакви полукружни лакови, од кои два се главни, а најголем е третиот од јужната страна. Има вкупна должина од 48 м, ширина од 3,7 м и висина од 6,9 м. Освен двата крајни, трите други носачи имаат клинест облик за да се спречи создавањето на витли пред нив. Во вториот од север има отвор.[3][4][5]
Мостот е ремонтиран во 1960-тите, но без обѕир кон традиционалната архитектура, туку само со цел да се обезбеди неговата безбедна употреба за возила и пешаци — покриен е со бетон и направени се цементни парапети.[6]
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[7]
Наводи
↑ 1,01,1Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών(PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 34. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)