Љатички мост
Љатички мост (грчки: Γεφύρι Λιάτισσας), Спилиски мост (Γεφύρι Σπηλαίου) или Ајдучки мост (Γεφύρι του Κλέφτη) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1] Мостот ја преминува реката Велонија пред нејзината утока во Венетик откако ќе ја помине клисурата Портица. Се наоѓа на неколку километри североисточно од гребенското село Спилио и го поврзува со селата Рјахово, Пелеохор и Козмат. Има еден лак со распон од 10 м. Според едно предание, изграден е од ајдук по име Љатистас, кој бегајќи од Турците ја прескокнал реката, претходно зарекувајќи се дека ако успее, тука ќе изгради мост.[2] Според друго предание, името потекнува од албанскиот збор љатиса, што значи леска, поради тоа што околината е обрасната со такви дрва.[3] Изграден е околу 1800 г.[1] Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia