Најброен е народот Хан, со 91,51%[1] од населението (~1,2 милијарди во 2010 г). Покрај оваа мнозинска група, во Кина се признаени уште 55 малцински народи, со вкупен број од 105 милиони, распоредени по сите краишта освен средиштето и југоистокот на земјата.
Ова се сите 56 народности признаени од кинеската држава, подредени по бројноста на нивното население. Во 1954 г. имало 39 признаени народности, а во 1964 г. нивниот број се зголемил на 54. Последната промена е направена во 1979 г. со додавањето на народот Ѓино.[2]
АGB 3304-91 „Имиња на народностите во Кина во романизација со кодови“;[3] БВо населението се вброени само оние во Кина и Тајван; ВКај народностите официјално признаени во 1964 г. или претходно, ова е годината кога првпат почнале да фигурираат во пописите — едниот во 1954[4], а другиот во 1964 г;[5] 1Тука се вбројува и подгрупата Чуенќинг; 2Тука се вбројуваат и Уцулите на Хајнан, кои потекнуваат од бегалци Чами; 3Ова е поширок поим; дел од овој народ се нарекува Хмонг во потесна смисла; 4Тука спаѓаат и Амдова и Кампа, како и околу половина од говорниците на пумскиот јазик (другата половина припаѓаат на посебниот народ Пуми); 5Наречени и Кам; 6Тука се вбројува и Сангконг; 7Во оваа категорија се опфатени неколку различни тајскојазични групи, кои историски се нарекуваат Бајји; 8Тука се вбројува и народот Мосо; 9Тука се вбројува и народноста наречена „Дрвари“ (木佬人) или Ќаго; 10Ова е бурманското име на народот. Во Кина се нарекуват Ѓинпо; 11Тука се бројува и народот Тен; 12Впрочем не се Таџици, туку Памирци; 13Се работи за Виетнамци или Кињ на синовиетнамски; 14Ова е нивно име во Мјанмар; во Кина се нарекувааат Деанг; 15Истата група се нарекува Нанајци од руската страна на границата; 16Збирен назив за сите домородни групи во Тајван.
Непризнаени народности
Тука се наведени народностите на Кина кои не се официјално признаени како малцинства од владата на НР Кина.
Јапонци (大和民族) и Рјукјујци (琉球民族), трајни жители на Тајван и североисточна Кина
Макајци (土生葡人, католици од мешана раса кои говорат португалски и живеат во Макао почнувајќи XVI век; имаат разни етнички потекла
Уцули, потомци на муслимански Чами кои пребегнале за време на виетнамската инвазија на Champa
Во петтиот државен попис на населението во НР Кина (2000), 734.438 лица во Кина (97% од нив во покраината Гуејџоу) се изречно заведени како припадници на „непризнаени народности“,[6] но се смета дека припадниците на други вакви групи се вброени како припадници на поголемите признаени групи.
Разните подгрупи на мнозинскиот народ Хан како Хака и Кантонците се водат само како Хан во државната класификација.
Народности во Хонгконг и Макао
Хонгконг и Макао се специјални админитративни региони на НР Кина. Нивните управи не ја користат кинеската државна класификација, ниту пак таа ги зема предвид тамошните народности. На пример, во Хонгконг се присутни малцинските групи како Европејците (претежно Англичани), народности од јужна и југоисточна Азија (Филипинци, Индијци, Индонезијци, Непалци и Пакистанци).
↑第五次人口普查数据(2000年). 表1—6. 省、自治区、直辖市分性别、民族的人口Архивирано на 26 август 2018 г. (Петти државен попис на населението во НР Кина (2000). Табела 1-6: Население на покраините, автономните области и општините по етничка припадност)