Список на победници на Тур де Франс![]() Тур де Франсе годишна друмска велосипедска трка, која се одржува 23 дена во јули. Била основана во 1903 година од весникот L'Auto; таа е најпозната и најпрестижна од трите велосипедски големи трки; другите се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[1] Трката вообичаено изминува околу 3.500 километри, поминувајќи низ Франција и соседните земји.[2] Трката е поделена на етапи, вообичаено има 21 етапа. Поединечните завршни времиња на секоја етапа се собираат за да се одреди крајниот победник на крајот на етапата. Патеката се менува секоја година, но секогаш завршува во Париз; од 1975 година завршѕва на Шанзелизе. Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи жолтата маичка, која го претставува предводникот на генералниот пласман. Постојат и други маички: зелена маичка, носена од предводникот на бодовниот пласман; точкеста маичка, носена од предводникот на планинскиот пласман и бела маичка, носена од предводникот на пласманот за млад возач. Ленс Армстронг бил освојувач на седум последователни трки помеѓу 1999 и 2005,[3] но му биле одземени овие титули во октомври 2012 година од Меѓународен велосипедистички сојуз (UCI) откако се утврдило дека користел средства за зголемување на резултатите.[4] Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин, биле новите најуспешни натпреварувачи на трката, секој со по пет победи. Индураин е единствениот велосипедист кој освоил пет последователни трки. Анри Корне е најмладиот победник; победил во 1904 година, малку пред неговиот 20. роденден. Фирмин Ламбо е најстариот победник, имајќи 36 години и 4 месеци кога победил во 1922 година.[5] Француските велосипедисти се најчести победници на трката; 21 велосипедист со 36 победи помеѓу нив. Белгиските велосипедисти се втор со 18 победи, а шпанските возачи се трети со 12 победи.[6] Најнеодамнешен победник е Винченцо Нибали од Астана, кој победил на Тур де Франс 2014. ИсторијаТур де Франс бил основан во 1903 година од весникот L'Auto како обид да се зголеми неговата продажба. Првата трка ја освоил Французинот Морис Гарен. Повторно победил наредната година, но бил дисквалификуван по обвиненија дека бил се возел со автомобил или воз. Анри Корне станал победник откако бил разрешен проблемот; тој е најмладиот победник на трката. По скандалите во 1904 година, временскиот систем бил заменет со бодовен систем, во кој велосипедистот со најмалку бодови на крајот на трката бил прогласуван за победник. Овој систем траел до 1912 година, кога повторно бил вратен временскиот систем. Француските велосипедисти биле успешни на првите изданија на трката; првиот нефранцуски победник на трката бил Франсоа Фабер од Луксембург, кој победил во 1909 година.[7] Белгиските возачи биле поуспешни пред и по Првата светска војна (поради која била прекината трката од 1915 до 1918 година). Во 1920-тите преовладале спонзорираните екипи; велосипедистите како Никола Франц ја освоил трката со екипата Алсион. Меѓутоа, кога велосипедистот на Алсион Морис де Веле ја освоил трката во 1929 година, иако бил болен, организаторите одлучиле да ги воведат националните екипи наредната година, со цел да ги спречат екипите со нивните тактики да ја поткопуваат трката. Поради Втората светска војна, Тур де Франс бил прекинат од 1940 до 1946 година.[8] ![]() По Втората светска војна, никој не преовладувал на Тур до Лујон Бобе, кој победил на три последователни трки од 1953 до 1955 година — бил првиот кој успеал во овој подвиг.[9] Ова било надминато од францускиот велосипедист Жак Анкетил, кој освоил четири последователни трки од 1961 до 1964 година. Анкетил, кој исто така победил во 1957 година, станал првиот кој победил на пет трки.[10] Петте победи на Анкетил биле израмнети кога белгискиот велосипедист Еди Меркс остварил четири последователни победи од 1969 до 1972 година и повторно победил во 1974 година. Меркс е единствениот велосипедист кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман на иста трка. Тоа го постигнал во 1969 година, кога ја остварил првата победа на Тур.[11] Меркс се насочил кон рекордна шеста победа во 1975 година, но Бернар Тевене го поразил, станувајќи прв француски победник во седум години. Тевене повторно победил во 1977 година; меѓутоа, бил засенет во следните години од сонародникот Бернар Ино, кој освоил две последователни трки во 1978 и 1979 година. Ино ја освоил трката при неговиот прв обид во 1978 година; станувајќи еден од 11. велосипедисти (вклучувајќи ги Анкетил, Меркс, Иго Кобле и Фаусто Копи) кои успеале во тоа.[12] Во 1980 година, Ино тргнал по третата последователна победа, но морал да се повлече од трката поради тендинит и на трката победил Јоп Зутемелк.[13] Ино се вратил во 1981 година и ја освоил трката, како и наредната потоа. Ино не настапил на трката во 1983 година, додека друг Французин, Лорен Фињон, остварил победа. Фињон повторно победил следната година, поразувајќи го Ино; Ино се опоравил во 1985 година, кога ја остварил својата петта победа на трката. Американецот Грег Лемонд станал првиот неевропеец кој победил на трката во 1986 година. Лемонд не настапил во 1987 и 1988 година, но се вратил во 1989 година и победил на трката со осум секунди пред Лорен Фињон, најмала победничка разлика во историјата на трката. Лемонд исто така победил во 1990 година.[14] Во 1991 година, Шпанецот Мигел Индураин ја освоил својата прва трка. Индураин започнал да преовладува, откако освоил уште четири последователни трки — со што станал првиот велосипедист кој победил на пет последователни трки.[15] Се обидел да победи за рекордна шеста победа во 1996 година, но бил поразен од Бјарне Рис, кој подоцна признал дека користел еритропоетин.[16] Јан Улрих и Марко Пантани победиле во 1997 и 1998 година, соодветно; меѓутоа, победата на Пантани била засенета од допинг-скандалите.[17] Во 1999 година Ленс Армстронг ја остварил првата победа,[18] по која следеле уште шест, односно вкупно седум последователни победи.[19] Му биле одземени сите титули во октомври 2012 година, кога било откриено дека користел средства за зголемување на резултатите во текот на неговата кариера, вклучувајќи ги и победите на Тур де Франс.[4] Флојд Лендис ја освоил трката во 2006 година, но подоцна му била одземена титулата, откако тестот за допинг покажал присуство на тестостерон/епитестостерон.[20] Алберто Контадор победил во 2007 година. Трката во 2007 година исто така била потресена од допинг-скандали, поради што Контадор не можел да ја брани неговата титула во 2008 година, бидејќи на неговата екипа Астана ѝ бил забранет настап на трката. Сонародникот Карлос Састре ја освоил трката.[21] Контадор и Астана се вратиле во 2009 година и повторно ја освоил трката. Повторно ја освоил трката во 2010 година, но подоцна му била одземена оваа победа поради тоа што бил пронајден за виновен за допинг. На второпласираниот Анди Шлек му била доделена победата. Кедел Еванс станал првиот Австралиец кој победил на Тур во 2011 година.[22] Следната година, Бредли Вигинс станал првиот британски велосипедист кој победил на трката.[23] Победници
Повеќекратни победници
По националност
БелешкиA. ^ Бјарне Рис признал дека користел допинг во текот на Тур де Франс 1996. Организаторите на Тур изјавиле дека повеќе не го сметаат за победник, иако Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) досега одбивал да го промени официјалниот статус бидејќи поминало доста време од неговата победа. Јан Улрих бил второпласиран на подиумот во Париз.[24] B. а б в г д ѓ е ж Ленс Армстронг бил прогласен за победник на седум последователни трки од 1999 до 2005 година. Меѓутоа, во октомври 2012 година му биле одземени сите титули од UCI поради употреба на средства за подобрување на резултатите. Директорот на трката Кристијан Прудом претходно изјавил дека ако ова се случи, нема да постојат други победници за овие години, но ова сè уште не е официјална одлука.[25] C. а б Флојд Лендис бил победник на церемонијата во Париз на последниот ден на трката во 2006 година, но подоцна имал позитивен резултат на тестот за средства за подобрување на резултатите во текот на етапата 17 на трката. Американската анти-допинг агенција (УСАДА) го пронашла виновен за користење синтетички тестостерон во текот на трката и му ги одзела сите титули на 20 септември 2007.[26] D. а б в Алберто Контадор бил победник на церемонијата во Париз на последниот ден на трката во 2010 година, но подоцна бил прогласен за виновен по позитивниот тест за забранетата супстанца кленбутерол, извршен на денот за одмор. Арбитражниот суд за спорт го прогласил за виновен за користење кленбутерол во текот на трката и му ја одзела титулата на 6 февруари 2012.[27] Наводи
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia