Споменик на Гемиџиите (Скопје)

За истоимениот споменик во Велес, видете тука
Поглед кон споменикот

Споменикот на Гемиџиите претставува монументален споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 27 јули 2010 година. Фигурите се изработени од бронза и се излеани во Фиренца, а поставувањето го вршат стручни тимови од италијанскиот град.[1] Автор на споменикот е уметникот Ангел Коруновски. Постаментот го изградил хрватски „Конструктор“, а надзорот бил на „Македонија проект“. Вкупната вредност на споменикот е 970.000 евра. Одлуката за поставување на овој споменик ја донел советот на општината Центар во јуни 2008 година.[2]

Наводи

  1. „Поставување на скулптурата „Гемиџии". А1. 27 јули 2010. Посетено на 2011-08-05.
  2. „„Гемиџиите" пристигнаа на кејот“. Нова Македонија. 28 јули 2010. Посетено на 2011-08-05.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya