Хотел „Мериот“ (Скопје)![]() ![]() Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија. Во него било планирано да се инвестираат 37 милиони евра.[1] Првично, се планирало хотелот да биде отворен во 2013 година, но тоа се случи во 2016 година.[2] Тој е дел од проектот „Скопје 2014“. Изградбата на хотелот ја најавија генералениот директор на македонската компанија „Дивелоп груп“ и главниот директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, со потпишување на договор за соработка.[3] Хотелот било планирано да се гради на површина од 20.000 m², во зеленилото наспроти кафулето „Тренд“ на земјиште што компанијата го откупила од физичко лице. Фасадата на објектот, дело на група австриски архитекти, е арт деко стил. Хотелот било планирано да има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат. „Мериот“ е водечка компанија за хотелиерство, која поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји. Седиштето на компанијата се наоѓа во САД и има приближно 140.000 вработени. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia