Спортски центар Морача

Спортски центар Морача
Надворешноста на Спортскиот центар Морача
Карта
МестоположбаПодгорица, Црна Гора
Координати42°26′16″N 19°15′15″E / 42.43778°N 19.25417°E / 42.43778; 19.25417
СопственикГлавен град Подгорица
Сместивост6,000[1]
Изградба
Отворен1978
Обновен2005, 2018
Проширен2018
Трошоци за изградба4.5 милиони евра (реновирање во 2018 година)
АрхитектМишко Савов Дмитровиќ
Корисници
КК Будуќност
ЖРК Будуќност
ЖКК Будуќност Подгорица

Спортски центар Морача (црногорски: Спортски центар Морача) ― повеќеспортско здание кое се наоѓа во Подгорица, Црна Гора.

Зданието се наоѓа во новиот дел на Подгорица, на десниот брег на реката Морача, по што и го добило името. Изградбата на спортскиот комплекс започнало во 1978 година, а во него се сместени различни спортски објекти, на површина од пет хектари. Покрај тоа што е спортско здание, Спортскиот центар Морача, исто така, е домаќин на различни концерти и настани.

Историја

Новото здание било отворено со пријателски кошаркарски натпревар помеѓу репрезентацијата на Југославија и кошаркарската екипа при Државниот универзитет Вичита.[2]

Главната внатрешна сала на комплексот била домаќин на шест натпревари од прелиминарното коло на Евробаскетот 2005. Зданието било подложено на големо обновување за турнирот со цел да ги исполни стандардите на арената наметнати од ФИБА.

Со огромниот раст на популарноста на ватерполото во Црна Гора, два сосема нови отворени базени биле додадени во зданието во 2009 година, кој исто така бил домаќин на Светската лига во ватерполо на ФИНА во 2009 година.

Во 2018 година, главната сала на арената претрпела обновување и проширување, со цел да ги исполни стандардите на арената на Евролигата. Неговата сместивост за седење била зголемена на 6.000 седишта, а биле додадени и ВИП седишта. Цената на проектот за обновување била 4,5 милиони евра.[3][4] Исто така, поранешната арена со затворен базен (која била во распаѓање и некористена повеќе од една деценија) била пренаменета како сала за кошарка/одбојка/ракомет, со сместивост од 2.200 седишта. Зданието било домаќин на Европското првенство во ракомет за жени 2022, за прелиминарните рунди.

Објекти

Влезот на главната сала во 2015 година.

Главната внатрешна сала на спортскиот комплекс служи како главна повеќенаменска затворена арена во Подгорица. Најпозната е како домашна арена на кошаркарските, одбојкарските и ракометните екипи на СД Будуќност Подгорица.

  • Главна сала (сместивост од 6.000 седишта на трибините)[5]
  • Сала Бемакс (сместивост од 2.200 седишта на трибините)
  • Oтворен oлимписки базен (50м x 25м; сместивост од 1.900 седишта на трибините)
  • Затворен базен за ватерполо (33,40м x 25м; (сместивост од 664 седишта на трибините)
  • Сала за боречки спортови
  • Сауна
  • Сала за пинг-понг
  • Деловни објекти (ресторан, теретана)
  • Медиумска соба
  • Отворен терен за футсал/ракомет
  • Отворена патека за трчање

Домаќин на спортски настани

Концерти и други настани

 

Наводи

  1. Reconstruction of the Sports Center Morača
  2. Duško Ivanović: Nadam se da ću jednog dana biti selektor Crne Gore Архивирано на 14 ноември 2018 г.;"Vijesti, 27 јули 2017
  3. Reconstruction of the Sports Center Morača
  4. RENOVIRANJE SC MORAČA.
  5. „SC Morača Sadržaji“. pgsport.me (Montenegrin). Архивирано од изворникот на 2019-02-12. Посетено на 29 март 2025.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya