Станко Враз![]() Станко Враз (со крсно име Jakob Fraß;[1] 30 јуни 1810 – 20 мај 1851) бил словенечко-хрватски поет. Го славизирал своето име во Станко Враз во 1836. БиографијаРоден во селото Церовец во Долна Штаерска, Австриска Империја (во денешна Словенија), Враз бил еден од најважните фигури во Илирското движење во Кралството Хрватска и Славонија.[2][3] Основно образование завршил во Љутомер и гимназија во Марибор по што студирал филозофија во Грац.[3] Течно ги познавал германскиот, францускиот, шпанскиот и повеќе словенски јазици.[3] Пишувал поеми и патеписи и собирал народни песни. Преведувал и странска литература на хрватски. Додека бил во Самобор, ја запознал Јулијана "Љубица" Кантили, внука на неговиот пријател и колега, Људевит Гај.[4] Таа била негова муза и ѝ посветил многу песни и дела. Во овој период Враз станал силен застапник на Илирското движење.[3] Станко Враз починал во Загреб во 1851. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia