Стара Кресна
Стара Кресна — село во Општина Кресна, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во планинскиот регион на општината, во западните падини на Пирин Планина. Оддалечено е 14 километри северно од гратчето Кресна и 39 километри јужно од Горна Џумаја. ИмеИмето на селото е само Кресна до 29 септември 1978 година, кога селото Гара Пирин е прогласено за град со новото име Кресна, а на истоименото населено место му се додава името „Стара“ - денес познато како Стара Кресна. ИсторијаВо XIX век селото е дел од Мелничката каза на Серскиот санџак во Отоманското Царство. ![]() Во македонската историја селото е значајно бидејќи претставувало центар на Македонското востание, кое било кренато на 5 октомври 1878 година. Честопати во историските извори поради името на селото и востанието се среќава и како Кресненско востание. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 700 жители, сите Македонци.[1][2] Во 1901 година во Кресна по иницијатива на Јане Сандански е основан комитет на ВМОРО. Претстедател на комитетот е Андреј Мицов од Кресна, а одговорен на пунктот - брат му Прокоп Мицов.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стара Кресна имало 720 Македонци егзархисти.[2][4] СтопанствоДемографијаСпоред пописот од 2011 година, во селото живееле 71 жител.[5] На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]
На табелата е прикажан бројот на населението во Стара Кресна за периодот 1965-2011:[7]
Општествени установиАдминистрација и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia