Старословенски морфолошки системСтарословенскиот јазик имал богата примена и кај именските зборови и кај глаголите. Тој бил синтетичен јазик, т.е. службата на именските зборови во реченицата се изразувала со падежни форми, што е случај денеска со српскиот, хрватскиот, босанскиот, словенечкиот, рускиот и други јазици. Именските зборови разликувале 7 падежи: во еднина, во множина и двоина (дуал). Двоината се употребувала кога се однесувало на два предмета или две лица или на броеви што завршувале со 2: 12, 22 итн. Именките се менувале по падежи според нивната основа. Имало 5 групи именска примена:
Именките разликувале три рода: машки, женски и среден - рабъ, жєна, сєло. Еве пример за деклинација на една именка во сите падежи и броеви:
Придавките се менувале по падежи како именките. Разликувале три рода: машки - новъ, женски - нова, среден - ново. Компарацијата се образувала на синтетички начин, т.е. со наставка која се додавала на придавката. Компаратив: нов-ѣи (понов), новѣиши (понова), новѣѥ (поново). Суперлатив: наинов-ѣи (најнов), наиновѣши (најнова), наиновѣѥ (најново). Секоја придавка можела да има две форми:
Старословенскиот глагол имал, исто така, голем број форми (граматичко време): прости и сложени. Прости:
Сложени:
Во старословенскиот јазик имало 5 партиципи:
Глаголите во старословенскиот јазик се делат на 5 групи според завршокот на презентската основа:
Формата за 2 лице множина на заповеден начин кај I и II промена завршувале на -ѣ -тє: нєс-ѣтє, а кај III и IV на -итє: сѣ-итє, мол-итє, хвал-итє. Промена (конјугација) на глаголите во старословенскиот јазик, еве промена на еден глагол во сегашно време (презент) и минато неопределено време (перфект): Сегашно време (презент)
Минато неопределено време (перфект)
Извори
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia