Стефан Влахов Мицов
Стефан Влахов Мицов — македонски универзитетски професор и писател од Бугарија.[1] Роден е на 6 февруари 1956 година во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло.[2][3] Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себеси се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот.[3] ОбразованиеВо родното место учи математичка гимназија, а на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ специјализира историја (со потесна специјалност балканистика), филозофија и реторика, кои ги завршува со одличен успех. Во текот на стдиите вели[2] дека и покрај ласкавите признанија кои ги добивал (бил заменик-претседател на Клубот за техничко и научно творештво во факултетот, претседател на научниот кружок по историја на Бугарија, во кој учествувал и сегашниот претседател Георги Прванов) историјата започнувла да го ограничува поради догматизмот и манипулативноста на поднесената фактологија. Смета дека, многу често, токму уметничката литература и писателите даваат поверна слика на минатото.[2] Со оглед на, како што самиот вели, „скудоумната атмосфера во Историскиот факултет“ решил да го продолжи школувањето по поединечна програма.[1][2] Неговиот професор Николај Генчев (декан на Историскиот факултет во периодот 1976 - 1981), знаел да каже „Ти си безобразно информиран“.[2] Бугарска интерпретација на историјата која ја изучувал во текот на студиите ја смета за „сува статика потчинета на класно – партиски и националистички, односно идеолошки постулати“.[2] Во 1981 година, како докторант по социологија на политиката, ја одбира темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)”. Проширувањето на сознанија во теткот на изработката на докторатот го доведува во судир со политиката на средината во која живее.[4] Од 1984 година е предавач на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Доктор е на филозофските науки. Во 1988 година оди на специјализација во тогашен Ленинград.[1] Последната деценија на минатиот векВо последната деценија на минатиот век се обидува, како што самиот вели, да ја исполни со соджина некогашната квалификација „безобразно информиран“.[5] Затоа во тој период ги пишува трудовите „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите”.[5] Во есента 1998 година поканет е да учествува со свое предавање на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја во Скопје. Поканата ја прима со задоволство.[5] Планираното предавање е на тема Прблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија.[5] Неговото патување до Скопје не поминува без проблеми. На бугарската граница кај Ѓушево бил задржан на испитување околу два часа од 4-5 цивилни лица.[5] На негово инсистирање, настанот во Македонија поминал без да бидат информирани медиумите со оглед на тоа што тоа било период помеѓу два крува во парламентарните избори кои се одржуваа таа есен.[5] Публикации![]() Има објавено книги во различни области: литературна критика, филозофија на историјата, социјална психологија, политикологија. Неговите дела се објавувани на македонски, германски, руски, полски, фински, турски, арапски и италијански јазик.[1] Има над 1200 објавени статии во печатени и електронски медиуми, а има објавено и девет книги.[1] Во Македонија објавени се неговите книги: Книгата Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет не е објавена во Бугарија. Тој смета дека „Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.“[3] Во 2006 година има учествувано на Меѓународиот семинар за македонски јазик, литература и култура со научен труд на тема Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на Вапцаров[8]. Во публикацијата на МАНУ издадена по повод стогодишнината од Илинденското востание тој има свој труд под наслов Илинденската епопеja и филозофскиoт клуч за македонскиот идентитет.[9] Активности
Дел од објавените книги
ОстанатоНеговото име е содржано во следниве публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија, Кој е кој на Балканот. Исто така, тој е вклучен во монографијата за водечки личности во 2000 година која ја објавува Американскиот биографски институт[13] и во монографијата 2000 исклучителни личности за 2000 година која ја објавува Меѓународниот биографски центар[14] од Кембриџ, Велика Британија.[1] Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia