Стефан Трајковски
Стефан Павлев Трајковски (17 октомври 1923 во Скопје — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописИзраснал во сиромашно семејство. Завршил само основното училиште, а подоцна работел во приватен градинарски дуќан. Од 1942 година, бил мобилизиран во окупаторската бугарска фашистичка војска, каде останал до 1944 година. На 7 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против непријателот. Станал интендант на третиот баталјон во бригадата, со кој на 2 октомври 1944 година добил задача да изврши напад на железничката станица во Драчево, што била упориште на германските единици. Нападот бил извршен успешно и неговиот баталјон запленил големо количество на оружје. Пред да се повлечат, пристигнало германско засилување со транспортен воз. Во ново-започнатата битка бил тешко ранет и пренесен на лекување во партизанска болница, каде подлегнал на здобиените рани. По ослободувањето на Скопје неговите посмртни останки биле пренесени и погребани на скопските гробишта.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia