Стефче Трпковски
Стефче Трпковски (р. 7 август 1982 во Скопје) — македонски политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелен градоначалник на Општина Сопиште. На функцијата стапил по локалните избори во 2013 година[1], па потоа повторно по локалните избори во 2017 година.[2] На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Трпковски како кандидат за градоначалник на Општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ победил во првиот круг на гласање со освоени 65,03% од гласовите[3] Пред да стане градоначалник, тој бил геодетски инженер. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје.[4] ЖивотописСтефче Трпковски е роден на седми август 1982 година во Скопје. Средно образование завршил во ДСГУ „Здравко Цветковски“, високо образование на Градежниот факултет во Скопје, каде се здобил со звање Дипломиран геодетски инженер. Од 2011 година е на магистерски студии на Градежниот факултет, каде магистрира како Магистер по Технички Науки. Од 2007 година работел во АЛФА–ГЕОДЕТ ДООЕЛ, а потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија, каде бил член на повеќе комисии, меѓукои на комисиите за транспорт и екологија, за локална самоуправа, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и во пратеничката група за меѓународна соработка со Парламентот на Јапонија.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia