Општина Сопиште
Општина Сопиште — рурална општина во Македонија во Скопскиот Регион. Админстративно седиште на општината е истоименото село. Општината била првпат основана во 1996 година, откако дел од скопската општина Кисела Вода се отцепил. Во 2004 година, мал дел од Сопиште повторно преминал во територијата на Кисела Вода. Сопиште зафаќа површина од 222,1 км2. Се граничи со општините Македонски Брод, Студеничани, Желино и со најголемата административна единица Град Скопје. Поделена на 13 населени места, кои сите се села. Релјефот кој влегува во територијата на општината е претежно планински, и ридски. Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно. Географски, територијата на општината е карактеризирана претежно со шуми, ливади, полиња, пасишта, карпи и мал број на пештери.[2] Во Сопиште живеат околу 6 илјади жители, а густината на населението зафаќа околу 25 жители/1 км2. Мнозинството од населението се Македонци и Албанци, кои зафаќаат околу 90% од населението. Останатиот дел се Турци, Срби и Власи. Службените јазици на општината се македонскиот и албанскиот.[3] Градоначалник на општината е Стефче Трпковски[4], од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој стапил на должноста по локалните избори од 2013 година.[5] Општинскиот совет е составен од 11 члена.[6] Голем број на населени места во општината, како што е селото Долно Соње, постоеле од XIX век, во времето на Отоманската Империја.[7] Во селото Говрлево се наоѓаат и археолошки наоѓалишта.[8] ![]() ![]() ГеографијаОпштина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на координати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку Кисела Вода и продолжува кон Батинци и Македонски Брод. ДемографијаНа пописот од 2002 година, Општина Сопиште има 5.656 жители (1.510 домаќинства, 3.398 станови), кои живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.[9] Во општината постојат следните населени места: Сопиште (1.365 жители), Ракотинци (394), Добри Дол (431), Долно Соње (707), Горно Соње (240), Барово (24), Говрлево (31), Чифлик (664), Света Петка (718), Јаболци (44), Нова Брезница (89), Држилово (365) и Патишка Река (584).[9] Во минатото поради депопулационата политика кон селата имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и миграцијата град-село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.[9] Бројот на населението во општина Сопиште е релативно стабилен, со тенденција на бавен природен прираст. за разлика од високиот природен прираст од минатото, којшто денес е во процес на опаѓање и стационарно експанзивната старосна структура се должи на две одлики на населението на општината.[9]
СтатистикаВкупно население на општината по поделбата од 2004 година изнесувало 5.656, од кои:
Сепак, според Законот за Град Скопје[10], каде се утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото се намалило од 5.325[11] на 1365[9]. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9.522 жители, паднало на 5.656 жители.
Општествени установиОпштината е неразвиена, како општествени институции се застапени:
ИсторијаОпштина Сопиште е создадена во 1996 година, откако дел од општината Кисела Вода се отцепил, создавајќи нова општина - Сопиште. Во 2004 година, мал дел од општината бил припоен повторно кон Општина Кисела Вода. Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Сопиште е Стефче Трпковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[12] Советот на општина Сопиште е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ВМРО-ДПМНЕ: 6 места СДСМ: 3 места АА: 1 местo ДПА: 1 место Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia