Стимфалски птици
Во грчката митологија, стимфалските птици (на старогрчки Στυμφαλίδες ὄρνιθες / Stumphalídes órnithes) скротени од Арес, биле месојадни птици, кои се хранеле со човечко месо[1]. Убиството на стимфалските птици за Херакле претставувало шесто (или, според авторите, петто) од Дванаесетте задачи. Мит![]() Птиците ги напаѓале шумите во близина на Стимфалското Езеро, Аркадија. Својот плен го убивале со нивните челични, бодликави и остри пердуви, кои ги користеле како стрели. Други легенди кажуваат дека имале бронзени канџи и клун. Херакле ги исплашил со бронзени ѕвечки[2] што му ги дала Атена, убил неколку од нив, а останатите ги избркал. Друга легенда кажува дека Херакле најпрво ги убивал со своите стрели, но тие биле толку многубројни и толку брзо се размножувале, што на крајот на денот Херакле немал повеќе стрели, а птиците биле побројни отколку утрото. Херакле, во напад на бес, потоа го удрил својот меч во својот штит, што ги избркало птиците. Тој продолжил додека сите птици не паднале од изнемоштеност во езерото и се удавиле. Во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia