Теја (митологија)
Во старогрчката митологија, Теја (/ˈθiːə/; старогрчки: Θεία), исто така наречена Еврифеса "широкосјајна", е Титанка. Нејзиниот брат/сопруг е Хиперион, Титан и бог на сонцето, а заедно тие се родители на Хелиј (Сонцето), Селена (Месечина), и Еос (Зора). Потекло на поимотСамото име Теја едноставно значи "божица" или "божествено"; Теја Еврифеса (Θεία Εὐρυφάεσσα) носи призвук на широчина (εὐρύς, eurys, "широк", корен: εὐρυ-/εὐρε-) и сјајност (φάος, phaos, "светлина", корен: φαεσ-). МитологијаПостари споменувањаХесиод во Теогонија во однос на нејзиното потекло вели дека таа е најстарата ќерка на Геја (Земјата) и на Уран (Небото).[2] Роберт Грејвс , вели дека Теја е Еврифеса која го родила Хелиј во митовите кои датираат од класичната антика.[3][4] Подоцнежни митовиОткако во подоцнежните митови му станала жена на титанот Хиперион, "благооката и најблескавата Еврифеса" во Хомеровата Химна за Хелиј, станала мајка на Хелиј (Сонцето), Селена (Месечина), и Еос (Зора). Пиндар искажал пофалба за Теја во неговата петти истамска ода:
Тука таа е блескава божица но алузијата на Пиндар за "Теја со многуте имиња" укажува дека таа се сведува и на други слични божици, мајки на Сонцето, како што Феба и Лето, но можеби, и на некои поуниверзални фигури на мајки како што се Реја и Кибела. ПоколениеДецата на Теја се: Теја во наукатаМитолошката улога на Теја како мајка на божицата на Месечината Селена се применило на името на хипотетичка планета која, според хипотезата за големиот удар, се судрила со Земјата, што резултирало да се создаде Месечината. Алтернативното име Еврифеса се применува за опишување вид на инсект (Dayus euryphaessa) (Kirkaldy, 1907). ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia