Стопанска банка АД БитолаСтопанска банка АД Битола — македонска универзална банка, организирана како акционерско друштво со својство на правно лице. Банката самостојно врши депозитни, кредитни и други банкарски работи, работи на платен промет во земјата и странство, работи со хартии од вредност и други банкарски работи во согласност со законските прописи, врз начелата на ликвидност, сигурност и рентабилност. Банката е со седиште во Битола, а располага со филијали во Скопје, Демир Хисар, Прилеп, Ресен, Струмица, Тетово и Охрид.[1] Историјат![]() Со решение на Градскиот Народен одбор Битола била основана Комунална банка - Битола, која започнала со работа на 1 октомври 1948 година. Предмет на работа на банката било: прибирање на слободни парични средства од локалното стопанство и населението. Со решение на Народниот одбор на Битолска околија била основана Комунална банка - Битола за подрачјето каде што делува Околијата, со тоа што дотогашната Комунална банка - Битола која била основана на 1 октомври 1948 се припоила кон Комунална банка - Битола (банка на околијата), која отпочнала со работа на 8 октомври 1956 година. Со одлука на основачите, Комунална банка - Битола останала да делува како банка на општините Битола и Демир Хисар од 1 април 1962 година. Со одлуки на собранијата на основачите на комуналните банки од Битола, Охрид, Струга, Ресен и Крушево била основана Комерцијално инвестициона банка - Битола со седиште на Централата во Битола и со постоење на пет филијали. Оваа банкарска организација почнала да работи од 1 јануари 1966 година и постоела до крајот на 1972 година.[2] Тогаш, со одлуки на собранијата на основачите било извршено спојување на Комерцијално инвестициона банка Битола, Комерцијално инвестициона банка Скопје и Стопанска банка АД Скопје во единствена банка со седиште во Скопје. Новоформираната Стопанска банка со седиште во Скопје започнала со работа на 1 јануари 1973 година со отворање на филијали во сите општински центри. Со Одлука на основачите, на 23 декември 1977 година, била конституирала Стопанска банка, Основна банка Битола. Формираните основни банки по пат на Спогодба ја формирале Стопанска банка, Здружена банка Скопје. Со одлуки на основачите на основните банки во текот на декември 1989 година била донесена одлука за спојување-основање на Стопанска банка а.д. Скопје, со тоа што основните банки се трансформирале во главни филијали, а деловните единици на основните банки во филијали. Банката отпочнала со работа на 01.01.1990 година. Со тендер на Народната банка на Република Македонија било извршено издвојување на пет банки од Стопанска банка а.д. Скопје, меѓу кои била и Стопанска банка а.д. Битола, која отпочнала со работа со одлука на Собранието на акционери од 07.06.1995 година, како самостојна банка со почетен биланс од 01.01.1995 година. Мисија на БанкатаРаботењето на Банката, како впрочем и целокупната економија, вклучително и банкарскиот сектор во Република Македонија, се одвива сè уште во услови на недозавршена транзиција, процес кој трае една и половина деценија и кој е многу посложен и подолготраен од очекувањата. Мисијата на Банката, како водич при одредувањето на стратешките цели, и во овој среднорочен период на оваа банка е:
Финансиски податоциСпоред финансиските извештаи, банката ги покажала следниве резултати во работењето (искажани во илјади денари):[1]
Финансиски показателиОсновните финансиски показатели на банката се следниве:[1]
Активности на банкатаСтопанска Банка АД Битола ги нуди следниве услуги за физички и правни лица:
Органи на управувањеУправен одбор
Надзорен одбор
Награди и признанијаФинансиското списание „Global Banking Finance“ ја прогласил Стопанска банка - Битола за најдобра банка во Македонија во областа на банкарството на мало (retail banking), а директорот Владимир Ефтимовски го добил признанието за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор на Македонија.[3] Исто така, на почетокот од 2016 година, списанието „Интернешенел бенкер“ (International Banker) ја оценило Стопанска банка - Битола како една до водечките банки во Македонија.[4] Во 2016, вторпат по ред, „Стопанска банка“ АД Битола била прогласена од списанието „Глобал бенкинг енд фајненс“ (Global banking and Finance Review) за најдобра банка во Македонија, во категориите: работа со правни лица и работа со население. Исто така, директорот Владимир Ефтимоски ја добил наградата за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор во 2016 година. Истата година, од страна на списанието „Д бизнис ворлдвајд“ (The Business Worldwide) тој бил избран за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор на Македонија, како и за најиновативен извршен директор во Македонија.[5] Во 2017 година, банката го добила одликувањето „Добар бренд“ за нејзината поддршка на социјалното претприемништво и иновациите.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia