Стојна Вангеловска
Стојна Вангеловска ― југословенска/македонска поранешна кошаркарка и економист.[1] Таа освоила сребрен медал на Летните олимписки игри во 1988 Сеул како член на Кошаркарската репрезентација на СФРЈ. Таа има настапувано за: Студент, Партизан, Јежице, Панатинаикос и Тиквеш Флорида како играч, и ги има предводено Младинец, Профитнес, Студент, Кимико и Женската кошаркарска репрезентација на Македонија како тренер. Таа е единствената Македонка носител на летен олимписки медал. ОбразованиеЗавршила на Економски факултет во Сараево и Вишата тренерска школа во Белград.[1] Кошаркарска кариераИграчка клупска кариераТаа играла за Студент од Скопје, белградски Партизан, Јежица од Љубљана, Панатинаикос и кавадаречки Тиквеш Флорида. Со Тиквеш освоила повеќе првенствени и куп титули.[1] Играчка репрезентативна кариераЗа кадетска и младинската репрезентација на Југославија, Вангеловска одиграла 50 службени натпревари.[1] Таа била член на југословенската репрезентација од периодот 1980-1990, одигрувајќи 250 натпревари, и пет години била нејзин капитен.[1] Таа освоила девет медали на Балканските првенства, три медали на Европски првенства, три на светските, два медали на Универзијадите, и еден медал на Олимписките игри.[1] Признанија
. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia