Страхил Андасаров
Страхил Илиев Андасаров ( 1927 во Љубанци — 14 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1] ЖивотописТој потекнува од службеничко семејство. Уште во раната возраст неговите родители се преселиле во Скопје, каде го продолжил обрзованието. Тој бил вклучен во напредното младинско движење и земал активно учество и во помагањето на НОВ. Со својата дејност и стaнaл сомнителен на бугарската фашистичка полиција, поради што се повлекол во родното село Љубанци. Во септември 1944 година стапил во 16та македонска ударна бригада. Како нејзин припадник учествувал во многубројни крвави борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора, каде се истакнал како храбар борец. По ослободувањето на Македонија, учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како и во борбите кои следеле потоа. Загинал во битките против германските и усташките сили, во близината на Врпоље, на 14 април 1945 година. Во близина на Љубанци, до манастирот „Свети Никола“ се наоѓа едно детско одморалиште кое го носи токму неговото име.[2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia