Црква „Св. Никола“ - Љубанци (манастирска)За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Никола“ - Љубанци.
Свети Никола — главна и единствена манастирска црква на Љубанскиот манастир во скопското село Љубанци.[1] Црквата, заедно со целиот манастирски комплекс, е прогласена за споменик на културата на Македонија. МестоположбаМанастирот е сместен северно од селото Љубанци, вгнезден во планинската падина на Скопска Црна Гора.[2] ИсторијаНародната традиција наведува дека црквата била обновена во 1847 година. Таа била подигната од истите мајстори и зографи, како и соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје.[2] АрхитектураХрамот е релативно мал. Во текот на XX век, црквата се наоѓала во лоша состојба, како и целиот манастир.[2] ФрескоживописЦрквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2] ИконостасПознатиот мајстор Дичо Зограф во 1853 година ги изработил престолните икони за црквата. Тоа биле иконите: „Богородица со Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Никола“ и „Св. Три Јерарси“.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia