Строшки манастир

Строшки манастир
Дворот на манастирот
Информации
Целосно имеСтрошки манастир
Други имињаМанастир „Света Недела“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвета Недела
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Недела“
Личности
Место
Местово близина на Стровија, Општина Долнени Македонија Македонија
Координати41°34′07″N 21°24′30.3″E / 41.56861°N 21.408417°E / 41.56861; 21.408417
Видливи остатоциедна црква, параклис, конак, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Долненско-секиречка парохија)

Строшки манастир (се среќава и како Стровјански манастир) — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Стровија.[1]

Историја

Манастирот започнал да се гради со осветувањето на темелите за изградба на манастирската црква од страна на протереј-ставрофор Борис Талесеки со благослов на Митрополит Преспанско-пелагониски г. Климент на 28 април 1968 година (Томина недела). Се претпоставува дека на местото на манастирот во минатото имало црква посветена на Света Недела за која нема податоци кога била урната, но веројатно во периодот непосредно по потпаѓањето под отоманска власт.[2]

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак и неколку помошни објекти.

Црква „Света Недела“

Црквата била осветена на 2 мај 1976 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј. Се верува дека е изградена врз остатоци од стара манастирска црква која се наоѓала покрај брегот на Строшка Река, но од неа денес е изгубена секаква трага и единствено нешто коешто укажува на таквото верување е мала чешма со чудотворно дејство која е постветена на истата светица.[2]

Галерија

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Манастир „Света Недела“, село Стровија“. OldPrilep. 6 јуни 2012.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya