Црква „Св. Недела“ - Стровија
Света Недела – манастирска црква на Строшкиот манастир.[1] ИсторијаТемелите за изградба на црквата биле осветени од страна на протереј-ставрофор Борис Талесеки со благослов на Митрополит Преспанско-пелагониски г. Климент на 28 април 1968 година (Томина недела), а се верува дека претставуваат остатоци од стара манастирска црква која се наоѓала покрај брегот на Строшка Река, но од неа денес е изгубена секаква трага и единствено нешто коешто укажува на таквото верување е мала чешма со чудотворно дејство која е постветена на истата светица. Нема податоци кога била урната старата црква, но веројатно во периодот непосредно по потпаѓањето под отоманска власт.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна до којашто има трем. Над главниот влез има застаклена ниша со мозаик на Света Недела, од неговата лева страна има икона на Света Недела, а од десната страна икона на Богородица со Исус. Црквата има и спореден влез на јужната страна над која има податоци во врска со изградбата на црквата. На јужната страна над споредниот влез има и ктиторски натпис за фасадата на храмот. Камбанаријата на црквата се издига непосредно пред главниот влез на црквата. Таа е со квадратна основа и на секоја страна има по една монофора над којашто има по една бифора. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia