Сурутка
Сурутка[3][4] или цвик[5][6] — течност што останува по згрутчувањето (коагулирањето) на млекото; тоа е нуспроизвод од производството на сирење или казеин и има повеќе комерцијални употреби. Сурутката се користи во производството на разни сирења и многу други производи за човечка исхрана. Исто така, служи како додаток во многу прехранбени производи, вклучувајќи леб, крекери и комерцијални колачи, како и добиточна храна. Белковините од сурутка се состојат првенствено од α-лакталбумин и β-лактоглобулин. Во зависност од начинот на производство, сурутката може да содржи и гликомакропептиди (GMP). Белковината од сурутка која се одвојува од оваа смеса често се продава како додаток во исхраната. Ваквите додатоци се особено популарни во бодибилдингот. Течната сурутка содржи лактоза, витамини и минерали, како и масти во мали количини. Истражувачите од Лундскиот универзитет во Шведска заклучиле дека сурутката веројатно го стимулира ослободувањето на инсулин. Тие, исто така, откриле[7] дека додатоците на сурутка може да помогнат во регулирањето и намалувањето на наглите зголемувања на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 така што го зголемуваат лачењето инсулин. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia