Сута Бутникошарева

Сута Николова Бутникошарева ( 1892 во Ново Село (Општина Чашка)1974 во Велес) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

За време на окупацијата живеела во Велес. Нејзиниот дом и бавчата што се наоѓале на крајот од градот служеле за засолнување на илегалци, оружје и одржување илегални состаноци. Поголема активност пројавила во текот на 1941 и 1942 година до одењето на нејзината ќерка Нада во Велешкиот партизански одред. За време на тој период, нејзиниот дом бил најсигурен за одржување состаноци на партиската органнзација во градот и за престој на илегалци. Доаѓале курири и од единиците на НОВ кои Бутникошарева и нејзините двајца синови ги снабдувале со храна, облека и муниција.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1010.

Литература

Ѓорѓи Малковски - Нада Бутникошарева

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya