Според истражувањата од 1967 година, родови во селото:
Доселеници:Саздовци (1 к.), Лазови (1 к.) и Ѓорески (1 к.) доселени се, но не знаат точно од каде; Зарини (2 к.) доселени се од некое околно село; Здравевци (5 к.) се делат на Ставревци и Станчевци. Доселени се од селото Црешнево. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 56 г. во 1967 година) Ангеле-Ставре-Здраве, основачот на родот кој се доселил; Цветини (7 к.) доселени се после претходниот род од селото Голозинци.[7]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2233 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на богдан здравевски.[8]
До крајот на Втората светска војна селото нараснало на 40 домаќинства. Потоа настапила силна миграција на населението во градот Велес (19 семејства) и во селото Чашка. други постари иселеници има во Стари Град (Анѓовци), Оморани (Бакаловци и Ќосевци), Превалец (Станчеви).[7]