ТЕЦ „Неготино“
Термоелектроцентрала Неготино или скратено само ТЕЦ „Неготино“ — термоелектрична централа во близина на селото Тремник, на околу 6,5 км југоисточно од градот Неготино, во средишниот дел на Македонија. Централата работи на мазут и служи како „ладна резерва“ во рамките на електропреносниот систем на Македонија. Централата претставува втор електроенергетски објект по големина со расположлива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати. ИзградбаТермоелектроцентралата Неготино била завршена и почнала со работа во текот на 1978 година.[1] ПроизводствоКапацитетЦентралата со нејзината моќност од 195 мегавати, дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, со што може да се задоволат дури 20% од македонската потрошувачка на електрична енергија.[1] Главно, капацитетот и самото производство останува минимално во текот на годината, бидејќи цената на мазутот е висока и поради произведената цена од оваа централа би била нерентабилна. Најчесто, дури и самиот увоз на електрична енергија е поевтин извор за снабдување со струја отколку користењето на оваа централа. Трошоци за одржувањеСамата централа работи само по потреба, односно само во исклучителни ситуации, најмногу поради нејзиното гориво и скапата произведена цена на чинење на еден киловат час електрична енергија. Но, и покрај тоа, централата вработува повеќе од 200 лица и за неа дневно се двојат 10.692 евра, односно годишно околу 2,8 милиони евра.[1] ПлановиУште од нејзиното пуштање со работа во 1978 година, постоеле размислувања централата да се пренамени и да биде сменето нејзиното гориво, од мазут на гас. Идејата се засилила по последните десетина години. Со отпочнување на изградбата на гасоводот од Клечевце до Неготино, планот за пренамена на централата да работи на гас, станува остварлив.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia