ТЕЦ „Осломеј“

ТЕЦ „Осломеј“
Поглед на централата
ТЕЦ „Осломеј“ во рамките на Македонија
Местоположба на ТЕЦ „Осломеј“ во Македонија
НазивТермоелектроцентрала „Осломеј“
Земја Македонија
МестоОсломеј
Координати41°34′55″N 21°00′06″E / 41.58194°N 21.00167°E / 41.58194; 21.00167
Статусактивна
Изградбата почнала1980
СопственикЕЛЕМ
ОператорЕЛЕМ
Информации за електраната
Главно горивојаглен
Информации за произодството
Построен капацитет125 мегавати

Термоелектроцентрала „Осломеј“ (или скратено само ТЕЦ „Осломеј“) — термоелектрична централа во близина на селото Осломеј, во Кичевската Котлина, во западниот дел на Македонија. Централата работи на јаглен. Таа е дел од РЕК „Осломеј“.

Изградба

Термоелектроцентралата Осломеј била завршена и почнала со работа во текот на 1980 година.[1]

Производство

Капацитет

Централата има само еден блок со вкупна инсталирана моќност од 125 MW.

Планови

Поради празнењето на резервите на јаглен од двете наоѓалиште на рудникот „Осломеј“, како и сериозните пречки што произлегуваат од социјално-културната средина во можност за експлоатација на наоѓалиштето Поповјани, оваа централа се соочува со голема несигурност во поглед на снабдувањето со гориво.

Во 2015 година била изработена студија на изводливост за осовременување на централата, во која било препорачано централата да продолжи да работи со увозен јаглен, кој ќе има поголема калорична вредност. За реализација на овој проект потребни се 126 милиони евра.

Наводи

  1. „ТЕЦ Осломеј – АД. ЕСМ“. Посетено на 16 јануари 2021.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya