Парк на ветерни електрани „Богданци“
Парк на ветерни електрани „Богданци“ (ПВЕ „Богданци“), познат и како Ветропарк „Богданци“) — ветропарк крај градот Богданци, југоисточна Македонија. Започнал со градба во мај 2013 година и бил завршен за нешто помалку од една година, во февруари 2014 година. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година. Инсталираната моќност на ветропаркот е 36,8 MW. МестоположбаВетропаркот „Богданци“ се наоѓа крај гратчето Богданци, на ридот Ранавец, кој се издига над Богданци. Зафаќа површина од 29 хектари. ИзградбаПрва фазаПрвата фаза на проектот завршила со целосното подигнување и комплетирање на сите 16 предвидени ветерници во февруари 2014 година, додека во март 2014 година течеле активностите за нивно поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО.[1][2] По поврзувањето следувал пробен период во кој се испитувало нивното работење и проверка на целокупната техничка опрема, по што капацитетот влегол во редовно производство. Во текот на март 2014 година била завршена и потребната инфраструктура и придружни објекти на ветропаркот, како што е патната инфраструктура, приклучување на новиот далновод, командната зграда и 20/110-киловолтната трафостаница. Целокупниот проект за изградба на првиот ветерен парк во Македонија чинел 55,5 милиони евра, од кои околу 47,9 милиони евра (86,3%) се заем од Владата на СР Германија преку банката КфВ, додека останатите 7,6 милиони евра (13,7%) претставуваат сопствени средства на ЕЛЕМ.[3] Втора фазаВо планираната втора фаза на проектот, се предвидува негово заокружување со уште шест ветерници, со кои инсталираната моќност на овој енергетски капацитет ќе се искачи на 50 мегавати, од кои годишно ќе може да се добиваат околу 125 гигават-часа зелена енергија. Во 2018 година биле обезбедени финансии за отпочнување на втората фаза од проектот. Финансирањето било од германската банка КфВ во износ од 18 милиони евра, додека Електрани на Македонија би обезбедиле 3 милиони евра сопствени средства.[4] Пуштање во употребаПробниот период започнал со нивното поврзување со електропреносниот систем на Македонија, а по неговото завршување, ветерниците влегуваат во редовно производство. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година.[5] До 10 август 2014 година, ветропаркот испорачал 31 милион киловат-часови електрична енергија, што претставува една третина од неговото планирано годишно производство, односно околу 100 милиони киловат-часови струја, која е еднаква количина за задоволување на годишните потреби од струја на град од околу 60.000 жители.[6] ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia