Табакера![]() ![]() ![]() Табакера[1][2] — џебна кутија што се користи за сместување на тутун или мал број цигари и спречување на нивно туткање. Типична табакера е рамна кутија (најчесто метална) што се отвора симетрично на две половини. Во секоја половина е сместен ред цигари, кои често се прицврстени со пружина или еластична лента. Некои табакери се едноставно цврсти кутии кои се користат за сместување на стандардни пакувања цигари. Видови и употребиВо денешно време не сите табакери се метални, некои се и од пластика. Други доаѓаат со дополнителни функции, како што се вградени запалки или пепелници. Во Соединетите Држави во 1920-тите и 1930-тите, типичните табакери содржеле 50 цигари. Поради оваа причина, тие понекогаш биле нарекувани „flat fifties“.[3] ![]() Табакерите се модни додатоци во културата на пушењето. Како такви, тие можат да бидат направени од благородни метали, украсени со уметнички гравури, монограми[4] и накит. Петар Карл Фаберже, иако најпознат по своите Фабержеови јајца, исто така направил прекрасни табакери од злато и скапоцени камења за семејството на царот.[5] Некои (на пример, онаа што и припаѓа на Даниела Стил) се вели дека вреди 25.000 долари.[6][7] Табакерите се исто така колекционерски предмети. За време на двете светски војни, табакерите биле популарни кај војниците, а многу ветерани од Првата и Втората светска војна (на пример, Џејмс Духан) рекле дека табакерите им го спасиле животот со запирање на куршумите.[8] Галерија на табакери од Музејот на тутунот во Прилеп
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia