Тангшански земјотрес (1976)

Тангшански земјотрес во 1976
唐山大地震
Датум 28.7.1976
Магнитуда
Длабочина A: 12,2 км
B: 16,7 км
Епицентар 39°38′N 118°06′E / 39.63°N 118.10°E / 39.63; 118.10 39°43′N 118°26′E / 39.72°N 118.44°E / 39.72; 118.44
Зафатени земји/подрачја Хебеи, Народна Република Кина
Вкупно штета 10 милијарди јуани
Макс. јачина XI
Жртви 242.469 (официјално)

Тангшански земјотресземјотрес што се случил на 28 јули 1976 година во Народна Република Кина и се смета за земјотрес во 20 век со најголем број на жртви. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Тангшан во покраината Хебеи, кој во тоа време имал население од околу милион жители. Ова не бил најлошиот земјотрес во кинеската историја, најлош бил земјотресот во Шенси од 1556 година.

Првичните информации на кинеската влада наведувале број од 655.000 жртви, но подоцнежните информации покажале дека бројот на мртви е од 240.000 до 255.000, а повредени биле 164.000 лица.[1] Земјотресот, исто така, влијаел на внатрешно-политичката ситуација и на Комунистичката партија на Кина, каде што избраниот наследник на Мао, Хуа Гуофенг, дошол на власт на сметка на таканаречената Четиричлена банда.

Земјотресот започнал во 3:42 часот по месно време (т.е. на 27 јули во 19:42 часот по македонско време) и траел 23 секунди.[2] Според официјалните податоци, тој достигнал вредност од 7,6 степени според Рихтеровата скала, но во други извори можат да се најдат и вредности до 8,2 степени. Околу шеснаесет часа подоцна, се случил втор потрес магнитуда од 7,1 степени.

Големиот број на жртви во голема мера се должи на тоа што се случил ноќно време, слабата цврстина на зградите во областа и минималното предупредување, бидејќи немало последователни потреси пред главниот потрес.

Иако Државниот сеизмолошки завод забелеажал необични податоци од Пекинг, Тианџјин, Тангшан, Похај и Џангџјиаџјие помалку од еден месец претходно, заклучил дека регионот Тангшан може да доживее земјотрес помеѓу 22 јули и 5 август, луѓето спиеле во времето на земјотресот и не биле подготвени за земјотресот. Покрај тоа, областа Тангшан не се сметала за особено ризична, а зградите овде, изградени на нестабилна алувијална почва, не биле изградени имајќи ја предвид отпорноста на земјотреси, па затоа многу згради биле уништени во земјотресот.

Сеизмичките бранови оштетиле и далечни градови како што се Чјинхуангдао и Тианџјин, неколку згради биле оштетени во Пекинг, оддалечен 140 километри, а слаби потреси биле почувствувани и во Шјиан, оддалечен 760 километри. Економската штета била проценета на 10 милијарди јуани.

Наводи

  1. Malcolm, Andrew H. (2 June 1977), "Chinese Disclose That 1976 Quake Was Deadliest in Four Centuries", New York Times, p. 1.
  2. ISC: On-Line Bulletin International Seismological Centre. Пристапено на 20 ноември 2023
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya