Ташко Ширилов
Ташко Ширилов (20 август 1938 во Горничево — 30 јуни 2019 во Скопје) — македонски раскажувач, романописец, книжевен критичар, поет и преведувач од француски јазик.[1] ЖивотописТашко Ширилов е роден на 20 август 1938 година во леринското село Горничево, Егејска Македонија. Се иселува во Македонија како дете-бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје. Работел како новинар во весникот „Вечер“, а потоа и во Друштвото на литературни преведувачи на Македонија, каде го издава списанието „Огледало“, познато како списание на бескомпромисни критики кон некои современи македонски автори. Бил претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија. Со Паскал Гилевски го покренал и го издавал независниот весник „За македонцките работи“ (1971–72). Од француски на македонски преведувал дела од Виктор Иго, Стендал, Александар Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и други. Творештво
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia