Тајната книга
„Тајната книга“ — македонски филм во холандско-француска заедничка продукција[1] во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тјери Фремон, Жан-Клод Кариер, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнало во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна[2]. СодржинаПриказната за филмот е заснована врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катарство. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северозапад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како катари) ја создаваат својата нова татковина. Локации на снимањетоСнимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:
УлогиГлумци кои дале нивен особен печат на овој филм кој бил подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.
ПоврзаноБелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia