Таќо Цветаноски

Таќо Цветаноски
Роден 1917 година
Попоец, Царство Бугарија
Починал октомври 1943 година
Бериково, Кралство Албанија
Народност Македонец

Таќо Митанов Цветаноски ( 1917во Попоец1943 во Бериково) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Таќо Цветаноски.
Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Животопис

Потекнувал од селско сиромашно семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Некое време работел како служител во основното училиште во селото Попоец. Определен за борба против окупаторот, уште во текот на есента 1942 година почнал активно да го помага народно ослободителното движење, а во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со одредот учествувал во повеќе борби, а во септември 1943 година, од слободно Кичево, со воз бил испратен со воен материјал на Буковиќ каде што била четата за одбрана на слободната територија на Македонија. Бил заробен од балистите и убиен во селото Бериково во октомври 1943 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 146.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya