Бериково
Бериково — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 селото било дел од Општина Осломеј, која се споила со Кичево. Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа во Кичевската Котлина, на крајниот ридско-планински северен дел на територијата на Општината Кичево. Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од централното место Кичево, населбата е оддалечена 18 км. ИсторијаВо Минатото селото било чисто македонско. Но во 1785 година тоа било исламизирано, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба[2]. СтопанствоАтарот не е голем и зафаќа простор од 5,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 108,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 109,7 ха, а на шумите 315,3 ха. Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Население
Според податоците од 1873 година, во селото имало 20 домаќинства со 35 жители муслимани и 50 христијани (Македонци).[4] Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Бериково имало 155 жители, сите Албанци.[5] Според него христијаните (Македонци) се иселиле од селото пред 1870 година.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[7] Бериково е населено со албанско население, кое во 1961 година броело 259 жители, додека во 1994 година 178 жители. Според пописот од 2002 година, во селото имало 168 жители, сите Албанци.[8] Голем дел од населението се иселува во странство. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 30 Албанци и 4 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБериково е албанско село. Родови во селото се: Демире (10 к.) и Имере (4 к.) порано биле еден род. Тоа се најстари доселеници во селото. Доселени се во првата половина на XIX век од Матија, Албанија, во родот Демире се знае следното родословие: Назиф (жив на 40 г. во 1961 година) Алит-Садик-Ислам-Демир, основачот на родот кој дошол; Смајле (8 к.) и Адиле (5 к.) доселени се исто така од Матија, Албанија; Неле (3 к.) и Бене (3 к.) порано биле еден род. Исто така доселени од областа Матија; Османе (1 к.), Мацуке (1 к.), Калеше (1 к.) и Иде (1 к.) доселеници од околните села. Османе се од Туин, таму припаѓале на родот Баше. Мацуке се од Папрадишта, таму припаѓале на истоимениот род. Калеше се од Ќафа каде имаат истоимени роднини.[14] Културни и природни знаменитостиОпштествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 797 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 155 гласачи.[17] Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоДо 1961 година од селото имало иселување во Поповјани (1 семејство), Кичево (2 семејства) и во Турција (3 семејства).[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia