Теодор II Палеолог
Теодор II Палеолог (грчки: Θεόδωρος Β΄ Παλαιολόγος, Theodōros II Palaiologos, Theodore II Palaiologos, Palaeologus, 1396 - 26 јануари 1448) бил византиски деспот на Мореја од 1407 до 1443 година. Син е на византискиот цар Мануил II Палеолог (1350-1425) и Елена Драгаш (1372-1450), ќерка на велбуџскиот владетел Константин Драгаш, која веројатно била внука на цар Јован Александар. Теодор бил брат на византиските цари Јован VIII Палеолог и Константин XI Палеолог, како и на деспотите на Мореја, Димитар Палеолог и Тома Палеолог и на деспотот на Солун Андроник Палеолог. Во 1407 година тој го наследил неговиот чичко Теодор I Палеолог како деспот на Мореја. Бидејќи бил малолетен, татко му останал во Мореја и започнал со изградба во 1415 година на Хексамилион. Дворот на главниот град Мистрал станал центар на византиската култура. Византискиот научник Плитон се преселил од Цариград во Мистрал. Тој таму основал филозофско училиште. Најпознатиот ученик бил теологот Василиј Висарион. Теодор бил добар математичар. Во мај 1423 година Турците започнале инвазија во МОреја под команда на Турахан Бег, Теодор се обврзал да им плаќа данок. Теодор II имал право за наследство на престолот како византиски цар на Јован VIII Палеолог, но своите права ги дал на помалиот брат Константин XI Палеолог, и наместо тао станал сопственик на Силиври, каде починал од чума во 1448 година. Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia