Мануил II Палеолог
Мануил II Палеолог (27 јуни 1350 — 21 јули 1425) — византиски цар од 1391 до 1425. Краток период пред неговата смрт тој бил прогласен за монах и го зел името Матеј. Се слави на 21 јули.[1] ЖивотМануил II Палеолог бил вториот син на царот Јован V и неговата сопруга Елена Кантакузина. Негови дедо и баба од мајчина страна биле царот Јован VI (1347–1354) и Ирина Асанина. Назначен за деспот од страна на неговиот татко, идниот цар Мануил II отпатувал на запад се побара поддршка за Византија во 1365 и во 1370 година, каде бил управител на Солун од 1369 година. Неуспешниот обид за узурпација на престолот од страна на постариот Андроник IV во 1373 година довело Мануил да биде прогласен за наследник и совладетел од страна на неговиот татко. Во 1376–1379 година и 1390 година тие биле заменети од страна на Андроник IV а подоцна и неговиот синови Јован VII, но Мануил лично го поразил неговиот внук со помош на Венецијанска Република во 1390 година. Иако Јован V бил вратен на престолот, Мануил бил присилен да оди како почесен заложник на дворот на отоманскиот султан Бајазит I во Пруса (Бурса). За време на неговиот престој, Мануил бил присилен да учествува во османлискиот поход со кој била освоена Филаделфија, последната византиска енклава во Анадолија. ![]() ![]() Кога чул дека неговиот татако полчинал во февруари 1391 година, Мануил II избегал од османлискиот двор и го заштитил главниот град од обидите за узурпација на престолот од неговиот внук Јован VII. Иако односите со Јован VII се подобриле, Султан Бајазит I го опсадил Цариград од 1394 до 1402 година. По пет годишна опсада, Мануил II му го доверил градот на неговиот внук и тргнал (со придружба од 40 луѓе) на долго патување во странство да бара помош против Османлиското Царство од дворовите на западна Европа, меѓу кои бил и Хенри IV кралот на Англија (правејќи го единствениот византиски цар кој ја посетил Англија – отседнал од декември 1400 година до јануари 1401 година во дворецот Елтам, и присуствувал на витешки турнир организиран во негова чест[2]), Шарл VI, Светото Римско Царство, кралицата Маргарета I и од Арагон. Во 1399 година, францускиот крал Шарл VI го испратил маршалот Жан ле Менгр со 6 бродови кои носеле 1.200 луѓе од Ег-Мор до Цариград, подоцна 300 луѓе заповедани од сењор Жан де Шатоморанд останале да го бранат градот од Бајазит. Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од унгарскиот крал Жигмунд Луксембуршки била неуспешна при Битката кај Никопол на 25 септември 1396 година, но Османлиите биле и самите тешко поразени од Тамерлан во Битката кај Ангора во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на османлискиот интеррегнум, Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на Мраморното Море и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во 1403 година, неговиот внук му ја предал контролата на Цариград и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од Османлиите го освоил Несебар (1403–1453), Варна (1403–1415), и мраморното крајбрежје Скутари до Никомедија меѓу 1403–1421 година. Мануел II Палеолог го искористил овој период на затишје да ја зајакне одбраната на Морејското Деспотство, каде Византија територијално се проширила на сметка на остатоците од Латинското Царство. Тука Мануил ја надгледувал изградбата на Хексамилион преку Коринтскиот превој, н аменет да го одвои Пелопонез од Османлиите. ![]() Мануил II бил во пријателски односи со победникот од Османлиската граѓанска војна, Мехмед I (1402–1421), но неговите обиди да се вмеша во изборот на наследникот довело до нов напад на Цариград од Мурат II (1421–1451) во 1422. Во последните години од својот живот, Мануил II го предал поголемиот број на официјални должности на својот син и наследник Јован VIII, и повторно заминал во Европа барајќи помош против Османлиите, овој пат кај Жигмунд Луксембуршки, каде останал два месеци во неговиот дворец во Буда. Жигмунд (кој доживел пораз против Турците во Битката кај Никопол во 1396 година) никогаш не ја отфрлил можноста за борба против Османлиското Царство. Сепак со Хуситските војни во Бохемија, не можел да очекува помош од чешките и германските војски, а унгарските војски биле потребни да го заштитат кралството и да ги исконтролираат верските судири.[3] Несреќно Мануил се вратил дома со празни раце од Унгарија, и во 1424 година тој и неговиот син биле приморани да потпишат неповолен мировен договор со Османлиите, според кој Византија морала да плаќа данок на султанот. Мануил II починал на 21 јули 1425 година. Мануил II бил автор на бројни тела со различни тематики, вклучувајќи писма, поеми, житија, трактати за теологија и реторики, и епитаф за неговиот брат Теодор I Палеолог и огледало за принцот за неговиот син и наследник Јован. Ова огледало за принцот има посебна вредност, бидејќи е последниот примерок на овој книжевен жанр оставен во наследство од страна на византијците. СемејствоСо сопругата Елена Драгаш, ќерката на српскиот принц Константин Драгаш, Мануел II Палеолог имал неколку деца:
Семејно стебло
Наводи
cf. James V. Schall S.J., The Regensburg Lecture, South Bend IN: St. Augustine's Press, 2007. Дополнителна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia