Јован Александар
Јован Александар (бугарски: Иван Александър; оригинален правопис: ІѠАНЪ АЛЄѮАНдРЪ),[1] бил цар на Бугарија од 1331 до 1371,[2] за време на Второто Бугарско Царство. Датумот на неговото раѓање не е познат. Починал на 17 февруари 1371. Долгото владеење на Јован Александар се смета за преоден период во бугарската средновековна историја. Јован Александар го започнал своето владеење со справување со внатрешните проблеми и надворешните закани од соседите, Византиската империја и Србија, како и со водење на неговото царство во период на економско закрепнување и кулурна и верска преродба.[3] ![]() Сепак, царот подоцна не можел да се справи со зголемените упади од страна на Османлиите, унгарските инвазии од северозапад и Црната чума.[2] Во несреќниот обид да се избори со овие проблеми, тој го поделил царството на неговите двајца синови,[4][5] со што ослабено и поделено го принудил да се соочи со претстојното османлиско освојување.[2][5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia