Тетивен четириаголник![]() Тетивен четириаголник — четириаголник околу кој може да се опише кружница. Со други зборови, четириаголникот е тетивен ако сите негови темиња се точки на една кружница[1]. Името тетивен доаѓа од тоа што секоја страна на таков четириаголник е тетива во тој круг. Тетивни четириаголници се: квадрат, правоаголник и рамнокрак трапез. Делтоидот е тетивен ако има два прави агли. Четириаголници за кои со сигурност знаеме дека околу нив не може да се опишат кружници (не се тетивни) се паралелограмот и ромбот. Основно својство на тетивен четириаголник:
Исто така важна е особината:
![]() што може да се види од сликата на која се прикажани централниот и периферниот агол над дијагоналата. (сл. 2) Од ова произлегува дека секој четириаголник што има два спротивни прави агли е тетивен. Четириаголник во кој може истовремено да се впише и опише кружница се нарекува тангентно-тетивен четириаголник или двоцентричен четириаголник. ![]() Некои својства на тетивниот четириаголникПовршината на тетивен четириаголник со страни може да се изрази со помош на полуобемот , при што со формула наречена Брамагуптина формула: или со формулата во која се појавуваат страните на четириаголникот и полупречникот на опишаната кружница
Ако дијагоналите на овој четириаголник се и (сл. 1), тогаш површината може да се изрази со формулите
каде дијагоналите се пресметуваат со формулите
Дијагоналите на тетивниот четириаголник се сечат во точка (сл. 1), а односот помеѓу деловите на дијагоналата се изразува со формулата .
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia