Едниот пар на паралелни страни се „земаат“ за основи и (обично) се означуваат со a. Вообичаено е да се земат хоризонталните (или најхоризонталните или најдолгите) страни за основи. Честопати се користи зборот должина.
Другиот пар на паралелни страни се викаат краци и (обично) се означуваат со b.
Растојанието помеѓу основите се вика висина и (обично) се означува со h (или ha за да се разликува од другата висина hb меѓу краците). Растојанието помеѓу краците исто така е висина на паралелограмот, но во однос на краците, па затоа специјално се означува со hb.
Нека е даден паралелограм со основа a, крак b, висина h (меѓу основите) и агол α помеѓу а и b.
Висина h меѓу основите
Периметар
Плоштина е: должина по висина односно основа по висина[4]
. Попрецизно: и
Плоштина на еден паралелограм се одредува со основа и висина. Меѓутоа, само со тие информации, паралелограм не е еднозначно определен, односно постојат безброј многу различни паралелограми со иста основа и висина. Истите ја имаат истата плоштина, а различни периметри.[5]
Бидејќи секоја страна на паралелограм е и трансверзала на другите паралелните страни, според Претпоставката за паралелност секој пар соседни внатрешни агли се суплементни, т.е. нивниот збир е 180°.[2]
Бидејќи секој паралелограм е четириаголник, збирот на внатрешните агли е 360°.
Од суплементност на соседни агли следува дека спротивните агли се исти (складни).
Секоја дијагонала е и трансверзала, па го дели паралелограмот на два складнитриаголници. Следува дека двата пара паралелни страни се складни (со иста должина).[1]
Пресечната точка на дијагоналите е средината на двете дијагонали. Со други зборови,
Пример: Нека е даден паралелограм со основа a=5 km, и крак b=3 km и агол α=30° помеѓу a и b. Тогаш, периметарот e L=2a+2b=16 km, висина е h=b·sin(α)=1,5 km и плоштината е P=ah=7,5 км2.
Пример: Нека е даден паралелограм со основа a=5 km, и крак b=2.5 km и агол α=37° помеѓу a и b. Тогаш, периметарот e L=2a+2b=15 km, висина е h=b·sin(α)≈1,5 km и плоштината е P=ah≈7,5 км2.
Одлики на паралелограм
испакнат четириаголник е паралелограм ако и само ако кој било од следните искази е вистинит[8][9]
Двата пара на спротивни страни се еднакво долги.
Двата пара на спротивни агли се со еднаква големина.
Секоја дијагонала го дели четириаголникот на два складни триаголници.
Збирот на квадратите на страните е еднаков на збирот на квадратите на дијагоналите (закон на паралелограм).
Збирот на растојанијата од која било внатрешна точка до страните не зависи од местоположбата на точката.[10] (Ова е проширување на Теоремата на Вивијани.)
Плоштината Р на паралелограмот со темиња A, B, C, D e (апсолутната вредност на)
Доколку имаме паралелограм ABCD каде што А≠(0,0), формираме складен паралелограм EFGH со транслација -А така што Е=А-А=(0,0), F=B-A, G=C-A и H=D-A. Потоа со детерминанта се пресметува плоштината на EFGH која е иста со плоштината на паралелограмот ABCD (плоштините на складни 2-димензионални геометриски фигури се исти).
Ова својство се обопштува до 3-димензии, односно за волумен на паралелопипед преку мешан производ како и во повисоки димензии.
↑„Паралелограм“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help) интерактивен
↑Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 119.
↑Стојановска, Л. (2010). „Паралелограм“. Архивирано од изворникот на 2013-09-15. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
R. Pierce (2011). „Вртежна симетрија“ (англиски). MathisFun. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
„Паралелограм“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help) интерактивен
„Плоштина на паралелограм“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help) интерактивен
„Дијагонали на паралелограм“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help) интерактивен
Weisstein, Eric W. (2013). „Паралелограм“ (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)