Тиски Врв
Тиски Врв — врв на планината Богословец со висина од 747 м. Географија и геоморфологијаВрвот се наоѓа во средишниот дел на планината, источно од длабокото седло Калиманец (548 м). Врвот има конусест облик и се состои главно од старопалеозојски шкрилци и кварц-профири.[1][2] ИскачувањеНајдобра пристапност до врвот има од северната страна. Искачувањето започнува од Гадешка Чешма во југозападен правец до плитко седло на надморска височина од околу 680 м коешто го поврзува со соседниот врв Корија (721 м), од каде што се скршнува на северозапад до самиот врв. Врвот исто така може да се искачи и од селото Богословец, од каде што по земјен пат во југоисточен правец се пристигнува до Гелева Чешма, а потоа започнува пострмно искачување на југ до седлото Калиманец на надморска височина од 548 м, од каде што се скршнува на југоисток до самиот врв. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia