Аџибегово
Аџибегово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Овче Поле, на околу 7 километри источно од општинскиот центар Лозово. Селото е рамничарско на надморска височина од 255 метри. ИсторијаНа крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа површина од 16,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.119 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 264 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџибегово живееле 260 жители, сите Турци.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[4] Во 1961 година населбата броела 234 жители, од кои 10 биле Албанци, еден Турчин и 22 жители други. Во 1994 година, бројот на населението се намалил само на пет жители. Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВо време на истражувањата вршени во селото во периодот 1957-58 година, селото Аџибегово било чисто влашко село. Родови во селото биле: Шуте (1 к.), Кајмакан (2 к.) и Тафо (3 к.) се доселиле во 1925 година, првиот род од селото Мездра, а другите два рода претходно биле сточари номади, во лето само престојувале во местото Калин Камен, паланечко; Атанасовци (3 к.), Костовци (3 к.), Нако Косто (2 к.), Ѓорги Зико (1 к.), Атанас Ѓоргијов (1 к.) и Штерјо Ѓоргијов (1 к.) доселени биле во 1935 година, до спомената година од биле сточари номади; Ташко Ѓоргијев (2 к.) и Санде Наков (1 к.) се доселиле во 1936 година, до споменатата година и они биле сточари номади, преку лето само престојувале на Калин Камен; Никола Гудов (1 к.), Коле Тиков (1 к.), Атанас Јанков (1 к.), Штерји Мишов (1 к.) доселени се во 1954 година, првите два рода од селото Оморани, Азот, третиот род од селото Лепопелци, Кочанско, а четвртиот род од Калин Камен; Косто Апостолов (1 к.) доселен од Калин Камен во 1950 година; Јанко Паризов (1 к.) доселен во 1952 година од селото Софилари; Калчо Костов (1 к.) доселен во 1955 година од селото Коњух; Ванѓел Јанаќиев (1 к.) доселен во 1955 година од селото Мездра; Никола Ѓоргијов (1 к.) доселен во 1956 година од селото Мечкуевци.[10] Самоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Ќоселари.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12] Културни и природни знаменитости
Ѓаволски Ѕид![]() На околу 3 км југоисточно од Аџибегово, на југозападните падини на планината Богословец се наоѓа исклучителната мегалитна карпеста образба Ѓаволски Ѕид со должина од 500 м, која е предмет на легенди меѓу населението поради нејзиниот облик и големина. ИселеништвоПорано ова населено место било чисто турско. Но потоа сите Турци се иселиле во Турција. Од ова село се имаат иселено преку 30 семејства, и тоа воглавно во Измир и Одрин.[10] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia