Тихомир Стојановски
Тихомир Стојановски (р. 8 септември 1963, Скопје) — македонски театарски и телевизиски глумец, сценарист и професор. Директор е на театарот „Скрб и утеха“. ЖивотописСтојановски дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје, на отсекот на актерска игра, во класата на професорот Вукан Диневски, во 1986 година. Има одиграно неколку театарски претстави во продукција на Македонски народен театар. Во 1988 година, го основал Театар „Скрб и утеха“, со глумецот и режисер Владо Денчов, каде одиграле повеќе од 20 претстави како: „Ѓорѓи Кастриот“, „Олесни разреши прости“, „Чернодрински експрес“, „Будење на ангелите“, „Зајдисонце“, „Некрстени денови“, „Патот“ и други, каде Тихомир Стојановски бил сценарист, и режисер Владо Денчов. Глумечка екипа во театарот „Скрб и утеха“ била од Страшо Милошевски, Зорица Панчиќ, Владо Денчов, Слободанка Чичевска, Јордан Витанов, Александар Џуровски, Александар Шехтански. Од 1991 година, е професор по актерска игра на Факултет за драмски уметности во Скопје. Од 2015 година е автор на емисијата за Светиот дух, филм и театар „Завет“ на Телевизија Сонце. Играл во телевизиската серија „Последната македонска елегија“ во режија на Драган Велјановски во 1992 година. Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia