Тодорче Николовски (глумец)
Тодор Николовски - Тодорче (роден на 16 јануари 1902 во Велес - починал на 29 јануари 1999 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. ЖивотописТодор Николовски од 1909 година, живеел во Скопје. Во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. За време на Војната продолжил да работи во театарот, додека во 1944 година заминал во Горно Врановци каде се вклучил во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер.[1] Во 1947 година настапил на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар бил од 1945 сè до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапил во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба. Неговите последни улоги ги игра на 91 годишна возраст во филмовите „Бог да ги убие шпионите“ и „Македонска сага“.[2] По повод 45 годишната континуирана актерска дејност, тој ја добил Наградата за животно дело „11 Октомври“. Во 1988 година, Николовски ја добил Наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“. ФилмографијаНиколовски има остварено бројни филмски улоги:[3]
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia