Тодор Гајдаров

Тодор Гајдаров
Роден 25 јануари 1923
Рждавица, Царство Бугарија
Починал октомври 1944

Тодор Стоичков Гајдаров (25 јануари 1923 во Рждавица, Бугарија1944 во Скопско) — партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегува од работничко семејство. Основно образование и музичко училиште завршил во Ќустендил. По завршувањето на училиштето работел како музичар во Софија. Поради илегална дејност бил отпуштен од работа. Често бил прогонуван и присилуван да ги менува местата на живеењето. Целото негово семејство било ориентирано антифашистички. Работел доста конспиративно, но и покрај тоа бугарската фашистичка полиција во 1943 година ја открила неговата дејност. Поради тоа избегал од Бургас и се населил во Скопје. Во Скопје, повторно воспоставил врска со некои другари. Пројавил интерес да појде во партизани. Бил испратен во Скопска Црна Гора. Таму и се приклучил на 16та македонска ударна бригада. Учествувал во борбите на Бригадата против балистите и Германците. Животот го загубил во октомври 1944.

Наводи

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 42. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya