Тодор Каблешков
Тодор Лулчов Каблешков (бугарски: Тодор Лулчов Каблешков Копривштица, 13 јануари 1851 – Габрово, 16 јуни 1876) — бугарски револуционер од 19 век и еден од водачите на Априлското востание.[1] ЖивотописРани годиниРоден во Копривштица во богато семејство, студирал во родниот град, а потоа во Пловдив помеѓу 1864 и 1867 година и го основал просветителското друштво Зора во 1867 година. Своето образование го продолжил во Галатасарајскиот лицеј во Цариград, но бил принуден да се врати во Копривштица поради заболување. Работел во Одрин како телеграф во 1873 година, а потоа бил управител на станица во Гара Белово во близина на Пазарџик, каде што се занимавал со културна и просветна дејност. Револуционерна дејностКаблешков се вратил во Копрвиштица во почетокот на 1876 година и се посветил на револуционерна работа. Бил назначен за раководител на локалниот револуционерен комитет во Коприштица и заменик-апостол на револуционерниот Панаѓурски округ. Тој е првиот што го прогласил Априлското востание на 20 април 1876 година и бил автор на познатото Крваво писмо до револуционерниот Панаѓурски округ. Каблешков бил на чело на воениот совет во Копривштица и заедно со Панајот Волов водел чета со која ги обиколувал блиските села. По задушувањето на востанието од османлиските власти, Каблешков со мала група побегнал во внатрешноста на Стара Планина. Бил фатен во близина на Тројан, а потоа бил мачен во затворите Ловеч и Велико Трново. Тодор Каблешков на крајот се самоубил во полициската канцеларија во Габрово на 25-годишна возраст.[2] Тодор Каблешков е запаметен како еден од најхрабрите бугарски револуционери, особено ако се има предвид младоста на која тој влезол во револуционерното движење. Неговата куќа во Копривштица сега е претворена во музеј, а на местото каде што решил да го започне бунтот е изграден споменик.[3] Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia