Тодор Скаловски
Тодор Скаловски (21 јануари 1909, Тетово - 1 јули 2004, Скопје) — истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент. Категоризиран е во првата генерација македонски повоени композитори. Автор е на голем број вокални, вокалноинструментални и сценски композиции, а покрај творештвото и диригирањето се занимавал со педагошка работа и организација на музичкиот живот во современа Македонија Животопис![]() Музичко образование завршил во Белград, а диригентството го усовршувал на Конзерваториумот „Моцартеум“ во Салцбург кај професорот Вилхелм Фуртвенглер. Скаловски бил долгогодишен соработник на Ловро Матачиќ. Основач е, прв шеф-диригент и директор на Македонската филхармонија во 1944. Основач, прв шеф-диригент и директор на Македонската опера, како и прв заменик главен уредник на Македонското Радио. Како долгогодишен организатор на музичкиот живот Скаловски е основач на неколку меѓународни музички фестивали во Македонија, какви што се Охридско лето и посебно биеналниот меѓународен хорски фестивал во Тетово - ТЕХО. Член е на Македонската Академија на Науките и Уметностите, МАНУ од 1972 г. Добитник е на највисоката награда на некогашна С.Ф.Р. Југославија, АВНОЈ, како и највисоката награда на Република Македонија за животно дело, „11 Октомври“ и др. Тодор Скаловски е познат по творечката употреба на фолклорни мотиви, во неговите композиции. Со употребата на хармонија, тонални и модални системи, и лиризмот тој е сличен на српскиот композитор Мокрањац и македонскиот композитор Трајко Прокопиев, иако во некои дела како „Македонско оро“, Скаловски користи драмски елементи кои се сметаат како музички пандан на „Тешкото“ на Блаже Конески. Тој исто така пишувал и духовна музика. Најпознати дела
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia