Токелајски јазик
Токелајски јазик (изворно: Tokelau) — австронезиски јазик од тихоокеанските острови. ГоворнициЈазикот го говорат околу 1.700 жители на атолите кои го сочинуваат Токелау, но и од малкумината жители на осровот Свејнс кој ѝ припаѓа на соседната Американска Самоа. Токелајскиот спаѓа во семејството на самојски јазици, подргупа на полинезиските јазици. Тој е службен јазик на Токелау заедно со англискиот. Посвен населението на Токелау, јазикот го зборуваат и околу 2.900 токелајски иселеници во Нов Зеланд. Овој јазик моментално се учи приватно, како и во неколку училишта во Брентвуд во Есекс, Англија. Јазикот има ISO 639-3 код „tkl“. Сличности со други јазициТокелајскиот јазик е сличен на тувалскиот, главниот јазик на соседната територија Тувалу, и користи самоанска литература. Има големи сличности и со јазикот ниуафооу, зборуван во Тонга. Се пишува со латиница, но само со 15 букви: a, e, i, o, u, f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Писмото се состои од 5 самогласки: a, e, i , o, u; и 10 согласки: f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Управникот за образование на Токелау Лоимата Иупати работи на превод на Библијата на токелајски јазик. Фрази
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia