Толензе
Толензе (германски: Tollense) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточна Германија, десна притока на реката Пене. Реката започнува како истек на Толензеското Езеро во Нојбранденбург. Толензе е долга 68 километри и се влева во Пене во Демин. Пронајдоци од бронзеното добаСеверно од Алтентрептов, близу средновековен замок со словенско име Конеров, од 1990-тите се пронаоѓаат човечки остатоци од бронзеното доба во речното корито, со повеќекратни траги на насилство. Во должина од 300 метри на реката археолозите од Грајфсвалдскиот универзитет ископале остатоци на повеќе од 100 поединци. Уште не е откриен вкупниот број на тела и се претпоставува дека бројката е многу поголема и веројатно дел од нив ги однела реката. Во длабокиот тресет на реката човечките остатоци биле прилично добро зачувани.[2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia